Од еуфоријата Хрватска премина во благ ужас откако инспекциските контроли покажаа дека има масовно зголемување на цените по воведувањето на еврото.
Зголемувањето се движи од 10 па дури до 80 отсто за некои услуги, како фризрските. Во продавниците е забележан пораст на цените на одредени производи од 3 на 19% (поскапување на чоколадото, пекарските производи, пивото, путерот, павлаката, тоалетната хартија, кафето и др.).
Премиерот Андреј Пленковиќ најави санкции за оние кои неоправдано ги покачија цените. Утврдивме дека некои, зборувам за поединци, очигледно ја искористиле конверзијата за неоправдано да ги зголемат цените, за што нема никаква причина и оправдување. Сакам да им се заблагодарам на сите субјекти, а тоа е мнозинството, кои се прилагодија согласно прописите и ги задржаа цените на производите и услугите. Свесни сме за процесот на приклучување кон еврото и предупредивме на минимално зголемување на цената од 0,2 до 0,4 отсто поради конверзијата, како и во другите земји. Но, она што го сведочиме во овие поединечни случаи е нешто друго – тоа е неоправдано, чисто профитерство, лов во матно и на тоа остро ќе се спротивставиме, рече тој.
Тој додаде дека „не е целта на еврото некој во криза да се збогатува неоправдано на сметка на граѓаните. Нема да ги поздравиме сите појави кои водат кон зголемување на инфлацијата, туку ќе ја санкционираме и ќе се бориме против тоа со сите механизми за заштита на потрошувачите и обезбедување фер деловни практики, нагласи Пленковиќ.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.