Регион

Хрватска: И dm предвреме воведе двојно означување на цените

18 Jul 2022

Речиси два месеци пред законската обврска, dm - Хрватска од денеска во своите продавници воведе двојно искажување на цените, за на купувачите да им овозможи подолг преоден период и полесно прилагодување кон еврото како нова службена валута во Република Хрватска.

Во dm онлајн продавниците и на апликацијата „Мој dm“ цените веќе се изразени во евра и во куни.

Односот што го изградивме со купувачите се темели на меѓусебна доверба, па dm одлучи да направи уште еден чекор за да ја покажеме нашата преданост кон транспарентноста во работењето. Со воведувањето на двојно изразување на цените почнавме веднаш штом беше дефиниран фиксниот курс на конверзија за уште еднаш да потврдиме дека темелот на нашето работење е прилагодување на потребите на купувачите, соопштија од dm - Хрватска. 

Денес dm работи во 168 продавници во 63 градови и е прва и единствена дрогерија во Хрватска со онлајн продажба. Во асортиманот има повеќе од 16.000 производи од сопствени марки и од реномирани брендови, а повеќе од 13.000 производи им се достапни на купувачите во онлајн продавницата. 

Минатата недела и трговецот „Конзум“ објави дека почна цените да ги изразува и во евра и во куни. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...