Регион

Grand кафе повикува на бесплатен мамографски преглед

07 Jun 2022

Во рамки на платформата „Ајде да имаме време за преглед“, Grand кафе ја продолжува соработката со Институтот за јавно здравје на Србија „Др. Милан Јовановиќ Батут“, со Министерството за здравство и со фондот Б92 и со пораката „Не гледај во филџан - прегледај се!“ потсетува на исклучтелно важните превентивни прегледи за зачувавње на здравјето.

Борбата против најчестиот малиген тумор кај жените - канцер на дојка, продолжува со акција во рамки на која на жените ширум Србија ќе им биде овозможено да направат бесплатен мамографски преглед.Во следните месеци, мобилен мамограф ќе биде поставен во Зрењанин, Големо Градиште, Горен Милановац, Белград и Краљево. Grand кафе, Министерството за здравство и Институт за јавно здравје ги повикаа сите жени да бидат одговорни кон себе и кон своето здравје и да закажат преглед. 

Во октомври лани, Grand кафе и истите партнери ја реализраа акцијата во чии рамки за бесплатен преглед и мамографија се пријавија повеќе од 2.000 жени. Во продолжение на кампањата, „Ајде да имаме време за преглед“, Grand кафе потсетува на важноста на превенцијата и грижата за себе како најважни чекори во зачувување на женското здравје. 

Продолжуваме да потсетуваме за важните работи во животот на луѓето за кои секогаш може и мора да се најде време. Ова е повик за сите малку да подзастанат и да направат нешто добро за себе. За мамографски преглед се потребни само неколку минути, кои можат да бидат многу важни и да ни го спасат животот, изјави Нина Цветковиќ, сениор бренд менаџер во Grand кафе („Атлантик група“). 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...