Македонија

Македонија во следната година очекува раст на БДП од 4,8 отсто

24 Sep 2020

Следната година се очекува да биде година на економско опоравување, иако појдовната основа за растот од 4,8% ќе биде пониска од претходната година, вели во интервју за Економски магазин за Алсат-М министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој посочува и дека ковид-кризата е од многу поголеми размери во однос на светската финансиска криза од 2009 година.        

За 2021 година претпоставуваме дека ќе биде година на економско опоравување со економски раст кој првично е предвиден со 4.8%. Тука сакам да бидам коректен, овие 4.8% кое ќе бидат на ниска основа од 2020 година, но од друга страна ќе зборуваат многу јасно за динамиката на враќање на економијата, ќе зборуваат за брзината на економскиот раст, колку ние ќе создадеме економска ситуација со економските мерки и со проекциите, со предвидливоста и очекувањата, значи со тоа колку ние ќе создадеме економска динамика, рече Бесими.

Тој нагласи дека ковид кризата е во поголеми размери од глобалната финансиска криза од 2009 година.

Падот во третиот квартал, зборувам за 2009 година, беше 3.7%. Сега на годишно ниво имаме проектирано пад 3.4%. Во првите 6 месеци имаме пад од 6.5% и само во вториот квартал имаме пад од 12.7%.  Разликата во 2009 и 2020 е дека економскиот пад е четирикратно поголем, зборувам за нашата земја, но и кај глобалната економија е исто. Дозволете ми, и за еден друг момент за кој зборуваме, државниот долг и јавниот долг биле 23.6% или 26.2% од БДП во 2009 година. Сега јавниот долг е 59.5% или 59.7% до крајот на годината. Ова е ситуацијата со која денес се соочуваат Министерството за финансии и домашната економија. Предизвикот и општо главниот приоритет е да се спаси домашната економија, реалната економија и работните места во ова глобална кризна состојба, кажа Бесими.

Тој најави дека структурата на буџетот ќе мора да се ориентира повеќе кон капиталните инвестиции.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...