Македонија

„Ла Нои“ – нов концепт со поинаква приказна

06 авг 2020

Продавницата „Ла Нои“, која нуди нов концепт на пазарување, беше отворена на 8 јули.

Објектот, кој е на вкупна површина од 160 квадратни метри, се наоѓа на улицата Орце Николов, бр. 204, спроти влезот на Машинскиот факултет во скопската населба Карпош.

Пред сè, ова е семеен бизнис. Одамна имавме желба да отвориме објект што ќе понуди нешто различно. Следејќи ги светските трендови и динамичниот животен стил, креиравме бренд што ќе овозможи квалитетна, економична и функционална услуга, а истовремено, ќе овозможи и пријатен амбиент и искуство на највисоко ниво, изјави за InStore Марија Тасиќ од „Ла Нои“.

Објектот е  поделен на неколку сегменти: високо квалитетни пекарски производи (солени и благи печива, лебови); кафе и други пијалаци; продажен дел (мини-продавница со топ-брендови и најпродаваните производи од тие брендови). Во делот што е наменет за појадок, освен печива, секојдневно има и производи од портфолиото на „Вега“ (свежи салати, чиа-пудинзи, гранола и различни вегански слатки – торти, тартови, бомбици и сл.).

Наместо класични каси, во „Ла Нои“ има наплатни пултови, кои изгледаат слично како на бензиските станици.

Подготвени сме да се приспособуваме според потребите на потрошувачите и постојано да внесуваме иновативност во асортиманот и начинот на работа. Нашата мисија е постојано да вложуваме во брендот. Идејата е да создадеме уникатно портфолио проспособено и достапно за секој потрошувач, вели Тасиќ.

Асортиманот секојдневно се збогатува со специфични производи. Најнови во понудата се маслинови масла на точење, различни зачини, био и органски производи (мед, чаеви), а има и уникатна селекција на производи со тартуфи.

Тасиќ открива дека наскоро, во соработка со „Фуд бар“, ќе понудат и пакувано свежо овошје и зеленчук. Во подготовка е и опцијата за онлајн-купување, која ќе биде достапна во текот на следните месеци.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...