Македонија

„Пакомак“ почнува акција за собирање стакло

16 Jun 2020

„Пакомак” почнува акција за собирање стаклен амбалажен отпад директно од домот на граѓаните.

Како што соопштија од компанијата, граѓаните треба да ги остават своите контакт податоци и приближната количина отпад за собирање, а по 10 дена компанијата ќе изготви план за негово подигнување.

Доаѓа летото, а тоа е сигнал дека е време да ги „засукате ракавите” и да го исфрлите непотребниот отпад кој ви зафаќа простор во домот, подрумот или гаражата. Доколку во вашиот дом имате големо количество стаклен амбалажен отпад од тегли и шишиња, а сте оневозможени да го одложите во некој од соодветните зелени контејнери, тогаш Пакомак ќе дојде да го собере директно од вашиот дом!, соопштија од компанијата.

Граѓаните е само да се јават на телефонскиот број 072 26 66 26 во тек на работната недела (понеделник-петок) и да ги остават своите контакт податоци, адреса и град на живеење, приближна количина на отпад за подигнување, телефонски број и лице за контакт. Во рок од 10 дена по добивањето на потребните податоци ќе биде изготвен детален план за подигнување на отпадот за што граѓаните ќе бидат информирани.

Не заборавајте да ги одложувате секојдневните стаклени амбалажи. На тој начин ќе бидете сигурни дека стаклениот отпад ќе заврши на рециклирање и ќе добие нов живот, наместо да заврши на депонија каде ќе стои неупотреблив со години, а неретко и опасен, односно стаклото да биде причина за пожар, информира компанијата.

Како знак на благодарност за соработката, „Пакомак” ќе ги награди граѓаните со семе за цвеќе кое може да го засадат во својот дом. За најмалку две гајби тегли и шишиња или пак шест килограми стакло, „Пакомак” ќе им подари и едно пакетче ароматични семиња за расад.

Одржувањето и подобрувањето на  животната средина започнува од секој еден од нас, а потоа одговорноста се проширува низ заедницата како колектив. Во идеални услови веројатно сите би го селектирале отпадот, но предизвикот доаѓа кога нема услови и истите треба да бидат создадени. Новата акција на Пакомак го адресира токму тоа – создава услови за целото население правилно да го одложува стаклениот отпад, елиминирајќи ја оддалеченоста на поединечните домаќинства од соодветните контејнери и олеснувајќи го процесот во корист на граѓаните, а за долготраен бенефит на околината, се наведува во соопштението на „Пакомак”.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...