Македонија

Преку „Пакомак“ лани се рециклирани 28.002 тони амбалажен отпад

06 Apr 2020

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување „Пакомак“ ги објави своите резултати од напорите за организирана заштита на животната средина за 2019 година. Според официјалните извештаи за изминатата година, компаниите-членки на „Пакомак“ пријавиле 50.537 тони амбалажен отпад од кои 55,41% од пријавените количини се рециклирани или поточно 28.002 тони.

Лани континуирано се инвестираше во контејнери за стакло во 24 града во земјава покривајќи со тоа над 74% од територијата, а покрај за стакло беа донирани и метални контејнери за пластика и хартија на град Скопје. Во следниот период исто така во Скопје треба да бидат ставени во функција и новите контејнери за селективно собирање на амбалажен отпад, донација од „Пакомак“.

Наша цел е понатамошна соработка со локалните самоуправи, и на различни локации да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се ПЕТ, хартија, лименки и стакло, како и да се обезбедат специјализирани возила кои ќе ги опслужуваат, вели Филип Ивановски, извршен директор на „Пакомак“.

Но, исто така не смее да се изостави како многу важен фактор и улогата на граѓаните и на комуналните претпријатија.

Културата за селектирање и рециклирање на амбалажниот отпад е нешто на што треба да се работи континуирано. Нашите резултати велат дека од година во година постигнуваме напредок и успех, но сè додека секое домаќинство и угостителски бизниси го немаат ова како вообичаена пракса не можеме да кажеме дека сме ги постигнале целите. Ние сме сè уште во еден процес на развој и примена на оваа идеја. Преку различни проекти сакаме да ги воспитуваме и насочуваме, пред сè, помладите, едуцирајќи ги за важноста на рециклирањето, но се разбира пораката ја пренесуваме и до останатиот дел на засегнатата публика. Во секој случај би било неблагодарно да не се чувствуваме задоволно имајќи ја предвид целокупната слика од почетоците до денес. Кога го започнавме ова еко-патување наидовме на состојба на терен каде селектирањето на отпадот беше на многу ниско ниво, а како тема на дискусија воопшто и не постоеше. За разлика од денес кога за ова се разговара и свеста е подигната на повисоко ниво, но постои уште простор за работа, додаде Ивановски.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...