Македонија

Се исплаќаат средствата за произведена и продадена риба

26 Jul 2019

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплати 7,3 милиони денари за произведена и продадена риба на пазарот на вкупно 14 субјекти. 

Станува збор за исплата на средства за корисници на мерката „Финансиска поддршка за произведена и продадена риба на пазарот“ која се реализира преку Програмата за рибарство и аквакултура. 

Оваа финансиската поддршка им следува на сите субјекти кои произвеле и продале риба на пазарите, а кои во тој период немаат увезено жива риба.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски информира дека поддршката се доделува скалесто во зависност од капацитетот на рибникот и продадена риба.

Рибниците кои произвеле и продале до 25 илјади килиограми риба добија 100 отсто субвенција од 20 денари за продадена риба. Субјектите пак кои произвеле и продале од 25.000 до 50.000 килограми им е исплатена 75 отсто субвенција за 20 денари продадена риба, додека пак оние субјекти кои имаат до 100.000 килограми субвенцијата изнесува 50 отсто од 20 денари продадена риба. 25 отсто субвенција следува на оние субјекти кои имаат произведено и продадено над 100.000 килограми, изјави Бабовски.

За да се искористат средствата од оваа мерка, апликантите треба да се регистрирани за дејност аквакултура и да се запишани во регистарот на одгледувачи на риби во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...