Македонија

„Тиквеш“ ја прошири и ја освежи серијата традиционални вина

02 May 2019

Винарската визба „Тиквеш“ воведе новини со кои ја унапреди линијата традиционални вина кои на пазарот се достапни во амбалажа од еден литар.

Од април, сите вина од оваа линија добија подобрена амбалажа, што опфаќа: нова етикета, ново шише и нов тип на навоен затворач кој придонесува да се зачува квалитетот на виното.

Друг новитет е проширувањето на оваа линија со вината „Тиквешко бело“ и „Тиквешко црвено“ кои досега се нудеа на пазарот единствено во „Bag-in-box” пакувања од три литри.

Проширувањето и модернизацијата на нашето постојно портфолио на традиционални вина е направена согласно пазарните трендови и преференците на потрошувачите, како на македонскиот пазар, така и во регионот. Нагласуваме дека квалитетот и вкусот на вината од овој сегмент ќе го задржи досегашното високо ниво. Очекуваме ваквите новини да бидат одлично примени кај потрошувачите, со што овие вина ќе ја зголемат својата популарност кај оние што веќе ги препознаваат и ценат, како и кај новите генерации потрошувачи кои допрва се запознаваат со нивната автентичност и уникатни вредности, изјави Радош Вукиќевиќ, генерален директор на „Тиквеш“.

На домашниот пазар, линијата на традиционални вина на „Тиквеш“ во амбалажа од еден литар ја сочинуваат вината: „Смедеревка“, „Кратошија“, „Кавадарка“, „Вранец“, „Витач“, „Розе“ на кои се надоврзуваат и новите „Тиквешко бело“ и „Тиквешко црвено“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...