Македонската компанија за здрава храна „Виталиа“ повторно покажа дека вистинската грижа за општеството започнува од најмладите. Токму затоа, преку нивна поддршка, во склоп на Спортскиот Центар„Борис Трајковски“ се изгради комплетно ново детско игралиште и се обнови постојното катче, така што децата сега имаат уште побезбедно и помодерно место за игра, смеа и дружење.
Со оваа соработка се поставија нови реквизити, а старите беа реконструирани. Најмладите посетители сега ќе можат да уживаат во безгрижни моменти под ведро небо, особено во пролетниот и летниот период.
Изминатите неколку денови, во соработка со ‘Виталиа’, разубавивме уште едно место каде што најмладите посетители ќе можат да се забавуваат и да го поминуваат своето слободно време. Направивме ново детско игралиште, но исто така ги ревитализиравме и постоечките лулашки и други содржини, кои беа дотраени и небезбедни“, изјави директорот на спортскиот Центар „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски.
Просторот сега блеска во полн сјај и го чека детскиот џагор да го исполни со смеа и радост.
Како компанија посветена на здравиот начин на живот, исклучително важно ни е да поддржуваме проекти кои поттикнуваат физичка активност и придонесуваат за здрав развој кај децата. Со оваа иницијатива, во комбинација со нашите функционални производи, создаваме целосна поддршка за нивниот раст и правилни прехранбени навики. Веруваме дека само преку ваква грижа, најмладите можат да уживаат во играта, да создаваат здрави навики и да го градат својот пат кон подобро и посреќно детство“. – изјавија од „Виталиа“.
Несомнено, заедничката заложба на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и „Виталиа“ покажува дека кога се здружуваме за доброто на најмладите, создаваме катчиња полни со инспирација и насмевки.
Извор/Фото: „Виталиа“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.