Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43 587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9.0 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.3 %), Транспорт и складирање (12.5 %) и Рударство и вадење на камен (12.2 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.7 %), Градежништво, Административни и помошни услужни дејности (7.1 %) и Транспорт и складирање (5.9 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2024 година, изнесува 65 582 денари.
Извор: Државен завод за статистика
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.