Македонија

Трговците денеска на средба со министерот за економија и труд

14 Feb 2025

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун преку соопштение до медиумите изрази задоволство од прифатеното барање доставено до Владата, за  одржувањето на  итна средба, а во врска со одлуката за ограничување на маржите во трговија на мало и за 10 проценти на трговија на големо на основните прехранбени производи.

Според одлуката од средбата, на која Премиерот г-дин Христијан Мицкоски го задолжи министерот за економија и труд, да одржи нова средба со нас, на 14.02.2025 година, во текот на денешниот ден ќе излеземе со ставови, кои ќе ги образложиме на средбата, кои ќе бидат анализирани со цел да се изнајде заедничко решение. Сакаме да се создаде поволна клима за работа за сите чинители од секторот, да не се трпат штети, а сето тоа во интерес и на нашите потрошувачи. Изразуваме благодарност до сите медиуми, за пренесување на информацијата до јавноста, што има огромно значење за согледување на состојбите и давање простор да ги кажеме и нашата ставови, се вели во соопштението од Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун.

 

Извор: Стопанска комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...