Македонија

„Кожувчанка“ донираше Изворска вода на армискиот полигон „Криволак“

02 Jul 2024

„Криволак“ е армиски полигон за воени вежби во Македонија кој е изграден уште пред 70-ина години.

 Капацитетите на самиот полигон се погодни за спроведување на различни видови обуки и стрелби, како што е стрелање со повеќе видови оружје, стрелање од авиони, тактички вежби на ниво на баталјон, обука на инженерски единици, обука на специјални единици, работа на контролна точка, обука за конвои, обука за надминување на водни препреки и други видови обука.

Mисијата на полигонот како центар за обука е да се обезбеди поддршка за спроведување на вежбите на припадниците на нашата армија, а мисијата на Компанијата „Кожувчанка“ е секогаш да ја обезбеди потребната помош и поддршка!, изјавија од „Кожувчанка“ ДОО.

Затоа, „Кожувчанка“ од Кавадарци донираше 10.000 литри Изворска вода на армискиот полигон „Криволак“.

Да го чуваме и негуваме своето и да го вратиме статусот на „Криволак“ како центар за армиска обука со полн капацитет, кој ќе им понуди на илјадници војници место за вежби, стои во соопштението од „Кожувчанка“

 

Извор/Фото: „Кожувчанка“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...