Од 28 до 30 јуни во „Дајмонд мол“ ќе се одржи Фестивал на домашни пива. На тридневниот фестивал малите локални производители ќе ги презентираат своите оригинални пива, а пивските ентузијасти покрај дегустацијата, за време на фестивалот ќе можат да се запознаат и со процесот на нивно создавање.
На фестивалот своите пивски производи ќе ги претстават „Пиво Лабс“, „БАК“, „Курај биер“, „Белеза“ и „Сакампиво.мк“, а покрај македонските производители, својата палета на пива ќе ја презентира и една од најстарите и најпознати пивари од Холандија, „Бавариа“.
Освен во атрактивните пивски брендови, посетителите ќе уживаат и во деликатеси од зреено месо и продукти на производителот на месни преработки „Гавриловски“.
Овој несекојдневен настан во организација на „Дајмонд мол“ има за цел да ги поддржи и промовира малите производители на пиво и нивниот талент и знаење за производство на овој исклучително популарен пијалак, особено во летните месеци. Посетителите ќе имаат можност да ги откријат приказните што стојат зад пивата произведени во мали количини, кои не се достапни за широка потрошувачка. И овој настан е можност за стекнување нови искуства и интересни доживувања благодарение на уникатниот концепт што го нуди „Дајмонд мол“, кој претставува спој на одличен шопинг, гастрономски истражувања и можности за дружење и забава. Како резултат на ваквата понуда „Дајмонд мол“ прерасна во едно од омилените места за посета во Скопје, соопштуваат од „Дајмонд мол“.
Извор/Фото: „Дајмонд мол“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.