Македонија

Во акцијата на dm дрогерие маркт засадени 400 садници во Гази Баба

14 Nov 2023

 Четиристотини садници беа посадени во должина на трим патеките во парк-шумата Гази Баба, како дел од рамките на еко-проектот „Пошумуваме за позелено утре“ на  dm дрогерие маркт.

Оваа недела ,,ја обоивме“ во зелено и засадивме 400 нови садници долж трим патеките во парк-шумата Гази Баба! Во забавна атмосфера со музика и вкусни закуски ја подигнавме свесноста за важноста од пошумувањето! Промената на колективната свест и грижата за околината мора да ни е на прво место, соопштуваат од dm дрогерие маркт.

Заинтересираните кои сакаат да бидат дел од овој зелен еко-проект на компанијата и да се вклучат во акцијата за масовно пошумување во околината на Куманово, можат да се пријават на веб сајтот на компанијата.

 

 

 Фото: dm дрогерие маркт



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...