Македонија

Македонскиот енергетски сектор може да биде регионален лидер во енергетска транзиција

06 Oct 2023

Македонскиот енергетски сектор има потенцијал од најмалку 11 GW за сончева фотоволтаична енергија и 0.35 GW за енергија од ветер на деградирано и  неупотребливо земјиште, се наведува во публикацијата „Побрзо до обновлива иднина: Користење на деградирани и неупотребливи површини како локации за соларни и ветерни централи во Северна Македонија“.

Во студијата спроведена од тим експерти од Македонската академија на науките и уметностите, The Nature Conservancy и граѓанската организација Еко-свест, се вели дека ваквите капацитети на земјата ѝ се овозможуваат услови да стане лидер во регионалните напори за декарбонизација.

Студијата резултираше со мапа на одржливи локации, првенствено на некорисно и загадено земјиште, за развој на обновливите извори на енергија во Македонија. Доколку инвестициите се насочат кон соларни и ветерни електрани на само половина од овие одредени локации, овие проекти би можеле да генерираат 7,7 терават-часови електрична енергија годишно.

Како дел од Алијансата за борба напуштање на јагленот (Powering Past Coal Alliance), Македонија се обврза на постепено укинување на употребата на јаглен до 2027 година, додека Националниот план за енергија и клима (NECP) предвидува зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во бруто потрошувачката на енергија на 38% до 2030 година. Ваквите амбициозни цели бараат забрзување на развојот на обновливите извори на енергија. Со цел забрзување на овој процес без избрзување, студијата идентификуваше локации кои не се во области со значителна биолошка разновидност, не се од голема еколошка вредност и не се критични за благосостојбата на локалните заедници.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...