Македонија

Брендот Битолско млеко со 10 витамини ја поддржа детската трка „Охрид трчаТ“

22 мај 2023

Брендот Битолско млеко со 10 витамини ja поддржа детската трка во Охрид која е дел од традиционалната спортско - рекреативна манифестација „Охрид трчаТ“.

Приближно шестотини првачиња трчаа и се рекреираа во ревијалната трка и се информираа за здравите животни навики преку правилна рекреација и исхрана. Присуството на брендот Битолско млеко со 10 витамини и поддршката токму на оваа трка е во насока на едукација на децата за потребата од дополнително внесување витамини и минерали преку омилениот детски напиток – Битолско млеко. Битолското млеко со 10 витамини покрај основните нутритивни состојки, протеини, калциум, фосфор, има дополнително збогатен состав со десетте најважни витамини неопходни за детскиот раст и развој, така што со консумирање на ова млеко се внесуваат и витамините Д3, А, Е, Б12, Б9, Б1, Б5, Б6, Б7 и Б3, соопштија од „Битолска млекара“. 

На неформалната детска трка сите првачиња кои истрчаа по 100 метри беа победници, за што добија медал финишер и подарок од „Бимилк“, она што им е најпотребно на децата за повеќе енергија и здравје - Битолско млеко со 10 витамини.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...