Македонија

„Слога пром“ со поддршка на „Проект Среќа“

23 Apr 2021

„Слога пром“ - Кавадарци во текот на следните три месеци ќе ги снабдува со пакети прехранбени производи семејствата кои се во социјален ризик и се дел од „Проект Среќа“. Донацијата од компанијата се состои од замрзнати месни производи, риба и зеленчук, според потребите на семејствата.

Како компанија што работи со храна повеќе од 30 години, веруваме дека секој треба да има еднакви услови за достоинствен живот, а храната никогаш и за никого не треба да биде недостаток. А тоа може да се постигне само со помасовна помош за овие семејства, заедничка и безрезервна поддршка. Затоа веруваме дека со нашата донација ќе поттикнеме и други да се вклучат во иницијативата на „Проект Среќа“, велат од „Слога пром“.

„Проект Среќа“ со поддршка од македонските компании обезбедува живеалишта за семејства со деца кои живеат во исклучително тешки и нехумани услови. Досега во програмата на здружението за хумано-општествен развој се вклучени повеќе од 30 семејства од целата држава. Здружението ги реконструира домовите или пак каде што нема соодветни услови за живот гради комплетно нови живеалишта. Целта на проектот е за семејствата кои живеат во исклучително тешки и нехумани услови, да се обезбеди нормален и достоинствен живот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...