Македонија

Почна постапката за повлекување на втората транша од 80 милиони евра од ЕУ за ковид-мерките

19 Mar 2021

Владата на синоќешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со барањето на Министерството за финансии сите надлежни институции во најкраток можен рок да го пополнат Извештајот со статус на реализација на економски мерки за справување со кризата од КОВИД-19 од сите пакет мерки за 2020 година. 

Треба да го пратат до Министерството за финансии најдоцна до 22.03.2021 година.

Врз основа на овој извештај Министерството за финансии ќе достави информација до ЕУ со цел повлекување на втората транша од 80 милиони евра од Макрофинансиска помош на Македонија од Европската унија за буџетска поддршка за мерките за справување со социо-економските последици од кризата.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...