„Фискалниот бројач“ е новата алатка на Министерството за финансии, која на дневна основа ги прикажува приходите, расходите во буџетот и извршувањето на капиталните расходи, додека на месечна основа го прикажува државниот долг.
Целта на оваа алатка, која е објавена на интернет страницата на Министерството, е отвореност на буџетот кон јавноста, за поголема фискална транспарентност – која е највисокиот степен на контрола на јавните финансии, бидејќи на увид на јавноста се ставаат информациите кои креираат јавно мислење.Во објаснувањето на тоа што значи фискалниот бројач, од Министерството за финансии посочуваат дека тоа е алатка која на дневна основа го прикажува полнењето на државната каса, како и расходите, односно кумулативот од почетокот на годината до конкретниот датум на објава, како и тоа до кој степен е реализарано она што е планирано.
Со него може да се следи и државниот долг на месечна основа – податок кој досега се објавуваше на квартално ниво.
Во соопштението, Министерството најавува дека наскоро ќе излезе и со нова алатка која ќе креира поголема предвидливост во деловното окружување од аспект на законската даночна регулатива – односно ќе биде објавен Даночен календар, односно план на законски измени во даночната регулатива.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.