Македонија

Продажните цени на индустриските производи повисоки за 0,4% во ноември

12 јан 2021

Во ноември 2020 година продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 0,3% на месечно ниво, а за 0,4% на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Продажните цени на производителите на индустриски производи во ноември 2020 година во споредба со октомври, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење на камен (1,5 %), преработувачка индустрија (0,3%), а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,1%.

Според ДЗС, во ноември 2020 година во споредба со ноември 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот рударство и вадење на камен (3,1%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,4 %). Во секторот преработувачка индустрија, продажните цени се непроменети.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...