Една деценија по основањето, „Пакомак“ се потсетува на своите успеси, достигнувања и акции кои ги спроведе под мотивот за обезбедување на почиста и поздрава околина. Тогаш единствениот, а сега најголем постапувач за управување со отпад од пакување, „Пакомак“ ги увери домашните компании и основачи дека таквиот пристап на работа функционира, а во последните неколку години успеа и да ја крене свеста кај граѓаните за селективно одложување и рециклирање на ѓубрето.
„Пакомак“ беше основан на 11.11.2010, од страна на 11 домашни компании за да ги организира и надгледува тековите на селективно одложување на амбалажен отпад.
Тогаш почнавме едно неизвесно патување за кое немавме целосна претстава како ќе се одвива, по кои патишта ќе треба да се движиме, какви пречки ќе имаме и дали ќе ни погодуваат времињата што доаѓаат. Кога патувате по неразгазени патеки и создавате патишта по кои полесно ќе се движат оние кои доаѓаат по вас, се очекува брзината да не ви биде секогаш приоритет, туку да се движите внимателно и да поставувате знаци кои ќе ги насочуваат оние по вас да умеат да чекорат побрзо и посигурно кон целта. И тоа го правиме веќе 10 години… како прв колективен постапувач за управување со отпад од пакување го трасиравме патот за сите сегашни колективни постапувачи за управување со отпад од пакување, но и за компаниите за управување со електричен и електронски отпад и за управување со батерии и акумулатори. Следниве години тој пат ќе го изодат и компании за управување со отпадни масла, отпаден текстил и отпадни автомобилски гуми. На почеток чекоревме со бавни, внимателни и броени чекори, кон средината на патот веќе посигурно и поенергично, за да последниве години Пакомак стане лидер во наоѓање ефикасни начини за собирање и рециклирање на отпадот од пакување, но и пример за компаниите кои управуваат со останатите посебни текови на отпад, изјави Филип Ивановски, генерален директор на „Пакомак“
Во 2020 година се очекува да се собере 4 пати поголема количина отпад од пакување во однос на 2011 година. СЕкоја година во Македонија се собира над 3.500 тони стаклена амбалажа, која „Пакомак“ ја рециклира во соседните земји и не завршува на депониите низ земјава. Тоа е над 20% од вкупниот стаклен амбалажен отпад кој се создава во земјава секоја година.
Ова го правиме и ќе продолжиме да го правиме најдобро што можеме и во следните години благодарение на Вас драги наши членки и партнери! Со над 870 компании кои ни дале доверба да се грижиме за управувањето со нивниот отпад од пакување, ние сме најголем колективен постапувач во земјава кој управува со над 42% од целокупниот отпад од пакување кој секоја година се создава! Имаме и најголема мрежа од над 50 партнерски компании, јавни и приватни, кои собираат отпад од пакување низ целата земја! Ви благодариме што ја имаме Вашата доверба изминативе десет години и се надеваме дека така ќе остане и во следниве десет, изјави Ивановски.
И оваа година целта на „Пакомак“ е да ги постигне или надмине годишните цели за управување со амбалажен отпад.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.