FMCG Македонија 2023

Уште неколку дена за пријава за 9 FMCG Summit Skopje...

18 Oct 2023

Придружете ни се на 9 FMCG Summit Skopje, настан на кој се спојуваат иновациите, соработката и успехот!

Самитот, кој ќе понуди домашни, регионални и глобални успешни практики и искуства, ќе се одржи на 26 октомври во „Александар палас“ во Скопје, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Само уште неколку дена до настанот на годината, кој не треба да го пропуштите! Најдобрите доаѓаат на 9 FMCG Summit Skopje:

  • Тони Дурам, еден од светски признатите експерти за психологија и однесување на купувачите, долгогодишен директор во „Проктер & Гембл“, сопственик и CEO на „Тони Дурам консалтинг“;
  • Огнен Костовски, раководителот на тимот за дистрибуција во компанијата „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“;
  • Калина Медаровска Михајловска, управител на истражувачката агенција БРИМА;
  • Дејан Сипковски, управител и генерален директор на „БМ груп Македонија“;
  • Бобан Младеновски, менаџер за транспорт во „Теско“ – Велика Британија;
  • Себастијан Ренак, меѓународен аналитичар во водечкото неделно издание за стоки за широка потрошувачка и малопродажба во Германија, Lebensmittel Zeitung (LZ);
  • Емир Ганибеговиќ, експерт за продажба со долгогодишно искуство во FMCG бизнисот;
  • Драган Јосифовски, извршен директор и ко-основач на Paket.mk;
  • Билјана Гонева, менаџер за комерцијален развој на категоријата храна, за РС Македонија и Косово во „Нестле Адриатик“;
  • Александар Стевановиќ, директор на одделот за стратешки и оперативен консалтинг во „PwC Croatia“ и одговорен за услугите за бизнис-советување за FMCG-секторот и малопродажбата во Југоисточна Европа.

На панел-дискусијата на тема „Кој добива, а кој губи со актуелните мерки? Секторот VS Владата“, ќе дискутираат: Икица Павлоски, комерцијален директор на „Лион“; Климе Булоски, извршен директор на „Еуро табак“; Крешник Бектеши, министер за економија и уште еден говорник. Дискусијата ќе ја води новинарот Горан Теменугов.

Резервирајте го 26 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...