Раководителот на тимот за дистрибуција во компанијата „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“ (ФМТКП) – Огнен Костовски, е еден од говорниците на 9 FMCG Summit Skopje, кој ќе се одржи на 26 октомври во „Александар палас“ во Скопје, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Огнен Костовски ја почна кариерата во ФМТКП во 2016 година, како соработник за распоредување на брендот и координатор за производство. Од 2016 година извршува повеќе функции во секторот комерцијални операции. Во периодот на трансформација на ФМТКП со внесување на производите без чад (2020 година), Огнен е дел од тимот одговорен за поставување на темелите на структурата и организацијата за успешно лансирање на новите производи на пазарот во РС Македонија.
Неговата експертиза е во управувањето и развојот на дистрибуцијата, деловните односи и планирањето. Фокусот на Огнен резултира со успешна транзиција од претходниот модел на дистрибуција кон новиот, најсовремен пристап до пазарот (RTM), обележан со целосна дигитализација на процесот на нарачување и дистрибуција преку имплементација на платформата за е-нарачки.
Огнен дипломирал и магистрирал на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За да го прошири своето знаење преку специјализирано образование, редовно учествува на летни школи во Германија и Холандија, кои ги обработуваат темите поврзани со проектен менаџмент и менаџмент во Европската Унија.
Резервирајте го 26 октомври за да ги проследите најдобрите говорници од земјата, регионот и од светот.
КОТИЗАЦИИ
1 учесник – 199 евра
2 до 3 учесници од компанија – 177 евра по лице
4 до 6 учесници од компанија – 155 евра по лице
Повеќе од 7 учесници од компанија – 133 евра по лице
(Цените се без ДДВ)
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.