Повеќе од 400 учесници ќе го следат 8 FMCG Summit што ќе се одржи утре, во хотелот „Александар Палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Меѓу гостите се сопственици на компании и извршни директори од Македонија и регионот, менаџери, продажни агенти, раководство и членови од стопанските комори, производители, трговци, дистрибутери, претставници на компании од придружните индустрии на FMCG - секторот.....
Како и во минатите години, така и сега, присуството на самитот е одлично за вашиот бизнис! На 8 FMCG Summit доаѓаат: Реј Гаул, ко - основач и извршен директор во Retail Cities; Бојан Радун, CEO на „Имлек“, сопственик на „Нектар“; Мина Јанакиев, консултант за анализа на продажбата во „Нилсен IQ“; Ениса Селмановиќ - Салкиќ, основач и извршна директорка на агенцијата Consultor, Сараево; Сашо Димоски, генерален директор на „Гебрудер вајс“ - Македонија; Дејан Митковски, експерт за продажба и бизнис - развој; Сашка Костовска Длака, финансиски фасилитатор;Емир Жуниќ, раководител на одделот за AI/IM во Info Studio; Урош Богдановиќ, радио и поткаст консултант; Филип Трифуновски, Емир Реџепагиќ, „Паком“. На панел дискусијата ќе дискутираат: Перица Вичишки, генерален директор на „Атлантик трејд“, Александар Илиев, претседател на СИЗ ЛКА, Борче Треновски, професор на Економскиот факултет на УКИМ и Јован Дабевски, експерт за млечната индустрија. Програмата можете да ја видите тука.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.