Skopje Marketing Summit 2021

Врвни професионалци и стратези – говорници на Skopje Marketing Summit (1)

28 Apr 2021

Докажани и светски признати професионалци од земјава и од регионот ќе бидат говорници на првиот Skopje Marketing Summit што ќе се одржи на 20 мај бесплатно, онлајн, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

InStore претставува дел од говорниците на настанот, кој е наменет за сите маркетинг-професионалци, креативци и вљубеници во маркетингот.

 

ЕКРЕМ ДУПАНОВИЌ. Легендата на регионалниот маркетинг... Еден од најпознатите, најпродуктивните и најдолговечните маркетинг-експерти во регионот, кој во рекламната индустрија е веќе 50 години. Тој е главен уредник и издавач на порталите Media Marketing и ART & Business, а на самитот ќе зборува на тема „За времето кога маркетингот беше господска работа“. Прочитајте повеќе

 

 

 

БРАНИМИР БРКЉАЧ. Ветеранот за директен маркетинг, човекот кој го пласира „Космодиск“ на пазарот, ќе понуди одговори на прашањето „Зошто повеќе никој не го слуша маркетингот?“. Тој е со богато меѓународно искуство, а како „бегалец“ од светот на маркетингот од 2012 година е посветен на развојот на компанијата „Тера Паноника“. Прочитајте повеќе

 

 

 

 

ЛАЗАР ЏАМИЌ. Еден од водечките светски дигитални стратези и поранешен шеф за бренд-планирање во европската централа на Google... Предава дигитален маркетинг на Факултетот за медиуми и комуникации во Белград (ФМК), Бизнис-школата Лозана (БСЛ) и Економскиот факултет во Љубљана, а на самитот ќе зборува за „Креирање контент во свет на лесно игнорирање“. Прочитајте повеќе

 

 

 

ФИЛИП ПЕТРОВСКИ. Основач и CEO на Data Masters, компанија специјализирана во областа на Data Science. Работел на големи проекти во Португалија, Бразил и во Македонија, со фокус на развој на аналитички решенија, автоматизација на тек на информации и изработка на решенија со предиктивни модели за различни области. Ќе зборува на тема: „Анатомија на маркетерот на иднината“ (data-driven вештини што треба да се совладаат). Прочитајте повеќе

 

 

 

ДАРКО ЛУКИЌ. Ќе зборува за невромаркетингот како инструмент за декодирање на однесувањето на потрошувачите. Тој има вкупно 20 години работно искуство во маркетинг, од кои 5 години во агенции за истражување на пазарот и адвертајзинг, а 15 години во водечки мултинационални компании од областа на банкарството и FMCG-секторот. Моментално работи како консултант во AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting). Прочитајте повеќе

 

Skopje Marketing Summit ќе се случува онлајн на 20 мај и ќе биде бесплатен за следење. Повеќе информации погледнете на https://mk.marketing-summit.mk/.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...