FMCG Македонија 2021

Реј Гаул, експерт за малопродажба - говорник на 7 FMCG Summit Skopje 2021

13 Oct 2021

Британецот Реј Гаул, експерт за водечки трендови во малопродажбата, ќе биде говорник на 7. FMCG Summit Skopje 2021 што ќе се одржи онлајн на 28 октомври, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.

Гаул e ко-основач и извршен директор во Retail Cities. Kариерата ја почна како волонтер во US Peace Corps, предавајќи маркетинг и економија во Западна Украина на крајот на советската ера. Додека беше во Украина, тој беше сведок на retail револуцијата во реално време. Тогаш, Procter & Gamble и Coca-Cola го преземаа пазарот во Украина, речиси преку ноќ, и ги вработија повеќето од неговите студенти и пријатели. Набргу потоа, и McDonalds и Metro Cash & Carry го имаа сличното патување.

Стана опсесивен за разбирање на односите меѓу владите, потрошувачите, трговците на мало и брендовите. Се запишал на постдипломски студии на Универзитетот во Бостон за да дознае повеќе за брзата економска трансформација на економиите низ целиот свет, специјализирајќи за Евроазија и поранешниот CIS. Во текот на последните 20 години, се фокусира на разбирање на конкуренцијата на retail-to-retail и како тоа ги менува стратегиите и инвестициите на брендот. Низ годините стана светски познат експерт за динамиката на конкуренцијата во малопродажбата и иднината на трговијата. Во Retail Cities продолжува да ги проширува своите вештини за разбирање на тековниот бран на реинвенција на мало што ги поместува компаниите за производство низ целиот свет.

На 7.FMCG Summit Skopje 2021, Гаул ќе зборува за вистинскиот тип на промоции, инвестиции во синџирот на снабдување и правила, користејќи студии на случај. Неговата цел е да ни помогне да размислиме, преку нашите сопствени одговори, дали треба да очекуваме главоболки поради малопродажбата кај нас во следните неколку месеци. На овој начин, Гаул ни нуди информиран пристап за зголемувањето на цените, управувањето со испораките и градењето правила што ги ограничуваат набавките.

И годинава, можете да ни се придружите бесплатно! Вашата пријава ја очекуваме тука. 

Се гледаме на 28 октомври онлајн на FMCG Summit Skopje 2021Настан за оние кои умеат да направат разлика!



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...