Автор: Загорка Блажевска, генерален менаџер на „Вита нова-ЗА"
Модерната теминологија и динамичните промени во технологијата наметнуваат нови дефиниции и регулативи за иновативната храна и за состојките на храната.
Во македонскиот јазик, терминот „новел" храна, не може да се објасни со едноставна дефиниција или едноставен збор. Од тие причини сметавме дека е потребно на македонските производители да им ја доближиме оваа тема и да им ги презентираме новините и регулативите во ЕУ, но и во РМ.
Од овие причини на 3 ноември 2015 година организиравме семинар на тема – „Новел-храна – храна добиена со иновирани технологии и новел состојки", за доближување на македонските производители со овие новитети. На семинарот свои излагања имаа прим. д-р Ленче Јовановска и прим. д-р Лидија Дамевска од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Според дефиницијата, новел-храна се храна и состојки кои во ЕУ не биле консумирани од одреден процент од луѓето сè до 1997 година.
-Новоразвиена;
-Иновирана;
-Храна произведена со иновирани технологии на производство;
-Традиционална храна која се консумирала надвор од ЕУ;
-Земјоделски производи од трети земји, на пример, семе од чиа;
-Новопроизведени нутриенти – синтетски зексантин;
1.Нови или намерно модифицирани примарни молекуларни структури;
2.Кои се состојат или се изолирани од микроорганизми, габи или алги;
3.Кои се содржат или се изолирани од билки и прехранбени суровини изолирани од животни;
4.За кои до одреден степен е применет некој производствен процес, што предизвикува промена на составот или структурата на храната или на нејзините состојки. Со оваа промена тие влијаат на нивната нутритивна вредност, метаболизам или друго.
Многу e важно што во декември 2013 година е донесен нов предлог за новел-храната, според кој храната добиена од клонирани животни е одвоена во посебна регулатива, а воведени се уште три нови категории и поедноставени се процедурите за разгледување и за одобрување на новел-храната во ЕУ.
За која било категоризација да зборуваме, новел-храната и состојките мора да бидат сигурни, здрави и нутритивно урамнотежени за консументите, а во ниту еден случај не смее да претставуваат опасност, ниту консументот да биде доведен во заблуда.
ЕУ има посебна веб-страница на која детално се објаснети овие процедури, а направени се пребарувач и каталог за новел-храна и за новел-состојки со кои се олеснува нивната категоризација и примена.
Последна и најважна новина е објавена на 28 октомври 2015 година, кога Европскиот парламент ја прифака предлог-промената од 2013 година.
„Вита Нова-ЗА" - Скопје е официјален застапник на реномирани светски производители на суровини за фармацевтска, козметичка и за прехранбена индустрија. Во понудата имаме: минерали и минерални соли, витамини и витамински смеси, емулгатори, стабилизатори, ензими, ароми, бои и растителни екстракти, произведени по најнови технологии и производствени процеси со врвен квалитет во фабриките на нашите партнери низ Европа. „Вита Нова-ЗА" им нуди на своите клиенти заедничка соработка во делот на развој на нови производи и знаење при нивна имплементација во производствените процеси. Адреса: ул. „Божидар Аџија" бр. 3/10, 1000 Скопје, Македонија Тел: +389 2 2771 254 Веб-страница: www.vitanova.com.mk Србија: Адреса: ул. „Михајло Гавриловиќ", Белград, Србија Тел: +381 69 612 530 |
Автор: Примариус д-р Ленче Јовановска, раководител на сектор за храна од неживотинско потекло во Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија.
-Документација во зависност од состојката или од производот во поглед на резултати од лабораториски анализи;
-Техничка документација на производствениот процес, опис на производот или организмот или супстанцијата или процесот ако е иновација или состојката која е употребена во храната произведена со иновирани технологии;
-Научни студии кои се спроведени и секаков друг научен и стручен труд кој е достапен, за да се покаже дека новел-состојките или новел-храната се во согласност со критериумите за безбедност и со препорачаната намена;
Агенцијата јавно ги објавува сите одобрени производи од оваа категорија, во форма на регистер на храна произведена со иновирани технологии, каде потрошувачите можат да се информираат за одделни производи од оваа категорија на храна.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.