Економија

„Кликер маркетинг“ ко–организатор на Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија

11 May 2023

Маркетинг агенцијата „Кликер маркетинг“ беше ко-организатор на одличната, прва конференција за комерцијални недвижности во Македонија што се одржа на 10.05.2023, во хотелот „Хилтон“ во Скопје, иницирана од ФОРТОНМКА. „Кликер маркетинг“ го направи комплетното брендирање на настанот, ги обезбеди спонзорствата, ја организираше комплетната логистика и комуникација со говорниците, комплетната техничка поддршка и организацијата на просторот за конференцијата која помина беспрекорно.  

Целодневната конференција беше уникатна можност за локалните и за меѓународните професионалци од индустријата за недвижности, да се спојат на едно место и да бидат дел од професионално и модерно вмрежување со конкретни дискусии за најновите трендови во сферата, како и дебатирање на бројни и различни перспективи и предизвици на оваа индустрија во земјата и пошироко.

Во рамки на програмата се обратија и учествуваа врвни домашни и странски експерти кои се вклучија како говорници во панел - дискусиите. Панел-дискусиите обработија диверзифицирани теми за кои е потребна конкретна дискусија од професионалци со највисоко ниво на експертиза.

„Кликер маркетинг“, како издавач на магазинот InStore, осум години наназад е организатор на FMCG SUMMIT Skopje – најголемиот и единствен самит за професионалците од малопродажбата и придружните индустрии. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...