Актуелно

„Лидл“ се регистрираше во Босна и Херцеговина

15 јун 2021

Иако доаѓањето на „Лидл“ во Босна и Херцеговина уште се чува под превезот на тајната, што е во согласност со деловната политика на германскиот трговец, според информациите на босанските медиуми, далеку од очите на јавноста течат активностите на „Лидл“ за освојување на тамошниот пазар. 

„Лидл БиХ“ е регистрирана на „Маглајска“ 1 во сараевската општина Центар, со капитал од околу половина милион евра. Освен во Сараево, „Лидл“ регистрираше продавници и во Бања Лука и во Брчко.

Според Klih.ba, претставници на компанијата веќе разговараат со градоначалници во врска со можните локации, за кои се бара да бидат до 10.000 квадратни метри. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...