Актуелно

Пропадна продажбата на „Карфур“

20 јан 2021

Стопирани се преговорите меѓу францускиот трговец „Карфур“ и канадската групација „Куш-Тар“, откако француската влада се спротивстави со образложение дека сигурното снабдување со храна е од стратешка важност за државата.

„Блумберг“ пренесе дека преговорите со компанијата се запрени под влијание на Владата на Франција.

Во светло на неодамнешните случувања, прелиминарните разговори нема да се продолжат, соопштија двете компании во заедничко соопштение.

Меѓутоа, „Карфур“ и „Куш-Тар“ одлучија да ја преиспитаат можноста за оперативно партнерство, поврзано со евентуално здружување на приватните трговски марки, подобрување на искуството на купувачите преку иновации, оптимизација на дистрибуцијата....

Претходно, светските медиуми известија за евентуално спојување на групацијата „Куш-Тар“ од Квебек, Канада и на „Карфур“. „Ројтерс“ објави дека вредноста на акциите на „Карфур“ на париската берза достигна 17,53 евра, што е пораст за 13,6%.

Француската влада уште во 2005 година се изјасни против тоа странци да преземаат домашни компании, по гласините дека „Пепсико“ би можел да даде понуда за преземање на прехранбениот гигант „Данон“. Исто така, ги заостри условите за преземање за да ги заштити секторите што ги смета за стратешки, како што се индустријата и здравствената заштита. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Руски гигант отвори маркет во Србија

03 фев 2021

„Барила“ го купи „Катели“ за 107 милиони евра

03 фев 2021

Швајцарците почнаа да прават чоколадо во Србија

03 фев 2021

Горан Теменугов: Надежта последна умира

03 фев 2021

„Лидл“ се регистрираше во Македонија

03 фев 2021

Дел од Балканот повторно се затвора

03 фев 2021
Вчитува уште новости...