Видео вести

(ВИДЕО) Божиќната реклама на „Кока кола“ го топли срцето

12 ное 2020

Компанијата „Кока кола“,  нераскинливо поврзана со божиќната празнична сезона, ја објави својата најнова празнична реклама со која одбележува 100-годишен јубилеј од лансирањето на својата прва божиќна кампања.

Глобалната кампања насловена „The Letter“ („Писмото“), создадена со помош на креативната агенција Wieden + Kennedy Лондон, ги поттикнува луѓето за овој Божиќ на саканите да им подарат нешто што само тие го можат – самите себе.

Рекламата почнува со сцена во која едно девојче му подава на својот татко писмо адресирано до Дедо Мраз, кое тој треба да го прати по пошта на пат кон работа. Меѓутоа, поради работата, тој заборава да го стори тоа. Не сакајќи да го прекрши ветувањето кон својата ќеркичка, тој се решава на радикален чекор – да премине мориња, шуми и планини за да стигне до Северниот пол, каде Дедо Мраз чека со својот брендиран „Кока кола“ камион.

Дедо Мраз го качува таткото во камиот и го враќа дома, враќајќи му го назад писмото. Овој го отвора и ја чита праката од својата ќерка – „Драг Дедо Мраз, те молам врати го тато дома за Божиќ“. Мисијата е завршена.

Погледнете: 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...