Во втората седмица веќе доаѓа лошата оператива која се почувствувала запоставена. Истовремено, еве ги и бабите. Дојдоа по своето.
Автор: Ениса Селмановиќ-Салкиќ, основач и извршна директорка на агенцијата „Консултор“
Сите ние што се родивме и пораснавме на овие простори сме го чуле тоа илјада пати. Добар дел од времето не разбиравме за што станува збор, гледавме каде се бабите и слично. Е, тогаш се случија животот и работата, па тоа со бабите стана „мејнстрим“.
Да објаснам пластично. Значи, имаме фирма. Имаме некој голем проект. Промена, развој,„убер“ прогресивно. И се презентира. Сите се восхитени, логично. Е, тогаш доаѓа потешкиот дел – треба и да се сработи. Ма може, како не би можело. Тоа е супер, ќе го работиме. И сите се согласуваат и сите се среќни. Се отвора шампањско. А бабите од поговорката седат в ќош и злобно се смеат.
И така, почнува работата. И сите работат. Секако. И како што се ентузијасти, се судираат еден со друг. Каков прогрес, сè е ок. И така поминува една седмица. Во втората седмица веќе доаѓа лошата оператива која се почувствувала запоставена. Истовремено, еве ги и бабите. Дојдоа по своето.
Најдобриот план на сите времиња, како и останатите работи, е едноставен. Во планот се пишува кој што треба да направи и до кога да се заврши. Само толку.
И таа борба уште трае. Бидејќи се свесни колку е тоа важно. И им треба. И за нивно добро е. Но, можат да живеат и без тоа. И тука се случува дефектот.
Во третата седмица веќе никој не се сеќава на актуелното од првата седмица. Ниту на визијата за иднината. Ниту на „убер“ прогресот.
Каде се појави проблемот? Сите работеа сè. Но, тоа е добро. Не е. Никој не ги водеше. А-ха!
Баш така.
Има уште една пригодна поговорка, нешто за брод без кормилар. Не можам точно да се сетам како беше, но и вие веќе ја знаете.
Како да се направи работата да врви и соништата да се остварат, а не секојпат да се случува бабите да доминираат?
Големите промени бараат сериозен пристап. Не само декларативно, туку и структурирано.
Значи, имаме проект/идеја/иновација/решение за сите наши јадови.
Имаме луѓе, знаеме што треба да правиме. Ни треба план и ни треба водач. Без план и без водач - ништо од работата. Мислам, веројатно нешто ќе се прави. Но, ќе нема резултати. Ќе има фрустрација - сè пробавме, но не ни оди.
Да се вратиме на темата. Одредете кој ќе биде водач. Не со метод на случаен примерок или преку лотарија, туку промислено.
Тој треба да има познавање на темата, мора да има ентузијазам и да верува во промени и на крај - мора некаде нешто да предводел, па да знаеме дека е добар за организација, доследен е и дека ќе има авторитет.
Еве го, имаме водач. Види го, како кукла!
Големите промени бараат сериозен пристап. Не само декларативно, туку и структурирано.
Сега, планот. Водачот го собира тимот и со тимот прави план. Ако сте направиле добар избор на водач, тогаш ќе знае да собере вистински тим. Формирањето на тимот е негова работа. Не прави каков било план. Најдобриот план на сите времиња, како и останатите работи,едноставен. Во планот се пишува кој што треба да направи и до кога да се заврши. Да, само толку.
Кога ќе го направи планот и ќе го усвои со тимот, тогаш и ќе креира како да го следи планот. И како и секој вистински водач, го собира својот тим еднаш неделно за да видат до каде се. Никакви собраниски заседавања, пратенички прашања и реплики. Само: до каде сме, како понатаму, му треба ли некому помош. И така доследно и религиозно, секој петок од почеток.
Понекогаш водачот на тимот може да го извести оној што го поставил како оди работата. Да каже до каде е и дали проектот е загрозен. И, секако, да извести дека сè ќе се заврши во рамките на буџетот и во рокот што е одреден. И така. Проектот се заврши. Резултат има. Слава, шампањско, општа веселба. А, бабите не се смилуваат, туку мислат како следниот пат сигурно да ве зафркнат. Но, нема, бидејќи сега знаете што да правите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.