Маркетинг

Данска: Carlsberg станува официјално пиво на натпреварите на УЕФА

21 Mar 2025

Компанијата „Карслберг“ потпиша нов повеќегодишен договор со УЕФА, со кој Carslberg станува официјално пиво УЕФА фудбалските натпревари.

Овој договор опфаќа неколку европски натпреварувања, вклучувајќи го ЕУРО 2028, ЕУРО за жени 2029, УЕФА футсал ЕУРО, како и финалето на УЕФА на лигата на нациите. Првото натпреварување од кое ќе е дел ова спонзорство ќе биде Европските квалифијации во март 2025 година.

Има нешто навистина посебно во меѓународниот фудбал, особено неговата моќ да собере цела нација навивачи околу една заедничка цел, заедно да ги доживееме подемите и падовите на спортот. Затоа сме многу возбудени да го објавиме враќањето на групацијата „Карлсберг“ на меѓународната сцена, преку потпишување на повеќегодишно партнерство со УЕФА, со што ќе станеме официјално пиво на фудбалските репрезентации на УЕФА. УЕФА и „Карлсберг“ споделуваат слични вредности и амбиции за отклучување на огромниот потенцијал на играта, и во машка и во женска конкуренција, која доживеа импресивен развој во последниве години. Со нетрпение го очекуваме ова успешно партнерство, со фановите во срцето на сите наши планови. Додека градиме храбра и возбудлива иднина, со нетрпение го очекуваме новото поглавје пред нас, изјави Џејкоб Аруп-Андерсен, извршен директор на групацијата „Карлсберг“.

„Карлсберг“ и УЕФА се партнери уште од УЕФА ЕУРО 1988 година и ние сме среќни што започнуваме ново поглавје заедно. Со неверојатна серија на европски репрезентативни натпреварувања пред нас, со нетрпение очекуваме да го доближиме фудбалот уште поблиску до навивачите и да го направиме секој момент уште поспецијален. изјави Александар Чеферин, претседател на УЕФА.

Со ова партнерство, „Карлсберг“ се враќа на европската фудбалска сцена, обновувајќи ја соработката со УЕФА која претходно траеше повеќе од две децении, од 1988 до 2016 година.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Карлсберг“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...