Маркетинг

САД: Нова кампања на Coca Cola Zero за избор на навивачки песни

21 Mar 2025

Coca-Cola Zero  лансира нова кампања под името Fight Song со цел да ја покаже важноста на навивачките песни за време на кошаркарските натпревари.

Кампањата беше лансирана, во пресрет на March Madness завршниот турнир на колеџската кошаркарска лига НЦАА, кој секоја година привлекува се повеќе гледачи.

 Оваа кампања е продолжение на платформата  Best Coke ever? Како дел од кампањата, брендот лансираше ново видео, чија порака е дека „најдобрите обожаватели ја заслужуваат најдобрата Coca Cola.“

За понатамошно ангажирање на потрошувачите, компанијата ќе лансира платформа која ќе им овозможи на фановите да гласаат за нивната омилена песна за навивање, при што победниците ќе имаат можност да освојат билети за машкиот или женскиот фајналфор на колеџ лигата во 2026 година.

Дополнително, брендот ќе организира активации на лице место, вклучително и улични дегустации во градовите домаќини на Фајнл-форот, Сан Антонио и Тампа. Исто така, посетителите на Фајнл-форот ќе бидат пречекани со специјално, колекционерско издание на лименки Coke Zero Sugar.

 

Извор: Marketing Dive

Фото: Coca-Cola



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...