Холивудската ѕвезда Меган Фокс официјално стана заштитно лице на ладното кафе HELL. Соработката дополнително ќе го засили присуството на брендот на глобално ниво, приближувајќи го HELL Ice Coffee на уште поширок број на потрошувачи.
Во моментов овој бренд е присутен во над 30 држави, а ова унгарско ладно кафе ја држи водечката позиција на пазарот во дури шест држави, освен во Унгарија (на основа на приходите од продажбата на продажните единици – Ниелсен 2024)
Меган Фокс е впечатлива фигура која секогаш се истакнува со својот препознатлив стил и индивидуалност. Таа совршено го претставува динамичниот и карактеристичниот стил на живот кој го претставува HELL Ice Coffee. Веруваме дека оваа соработка ќе го подигне нашиот бренд на едно ново ниво и дополнително ќе го зацврсти нашето присуство на глобалниот пазар, изјави Едриен Поповиќ, директорка за маркетинг за „Хел енерџи“.
Оваа соработка не само што го зголемува угледот на брендот, туку и нагласува како харизмата и популарноста на актерката ги надминува екраните, додека естетиката на кампањата беспрекорно се совпаѓа со модерниот и силен имиџ на актерката, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Хел енерџи“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.