Компанијата „Лашко унион“ во пресрет на Европското фудбалско првенство во фудбал ја лансира кампањата „Светот изгледа поинаку кога имаш свои навивачи“
Од 14.јуни до 14.јули најдобрите фудбалски репрезентации на Европа, меѓу кои е и Словенија, ќе престојуваат во десет германски градови за да се натпреваруваат за титулата првак на Европа.
Првиот натпревар на Словенија ќе го одигра на 16.јуни против репрезентацијата на Данска.
Нашата пиварница повеќе од 20 години е горд партнер на машката фудбалска репрезентација и сме еден од најголемите поборници за фудбалот во Словенија, објави компанијата на својот профил на „Линкедин“.
Како дел од кампањата компанијата лансира неколку кратки спотови, како и посебно пакување за своето пиво во знак за поддршка на репрезентативците.
Покрај тоа, директорката на маркетинт во пиварницата, Дафне Ставропулу, на тимот му врачи пакети со Union zmaj и Union Radler 0.0 Isotonic.
Извор: InStore.si
Фото: „Лашко“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.