Во соработка со уметникот Питер Блејк, Budweiser лансира лименки во специјално издание инспирирани од поп -артот.
Блејк, кој е најпознат по дизајнот на легендарниот албум на Битлси, „Сарџент Пепер лонли хартс клаб бенд“, ги дизајнирал лименките, користејќи поп – арт елементи.
Отсекогаш сум верувал дека моќта на уметноста ги преминува границите и ги поврзува луѓето од сите сфери на животот, така што сум воодушевен од партнерството со Budweiser. Заедно го враќаме поп – артот на неговите корени и со овие лименки го ставаме во рацете на луѓето, изјавил Блејк.
Покрај ограничената серија на лименки, брендот на компанијата „АБ Инбев“, како дел од соработката лансира и посебна рамка за потрошувачите да ги изложат своите лименки во нивните домови како вистинско уметничко дело.
Горди сме што ја покренавме оваа култна соработка со легендата сер Питер Блејк, која ја спојува неговата уметничка исклучителност и нашето култно наследство што ќе им овозможи на луѓето да поседуваат дел од историјата на поп – арот, истовремено уживајќи со Budweiser, изјави Џесика Мекџорџ, директорка на глобални брендови на компанијата.
Извор: „Диелајн“
Фото: Budweiser
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.