Регионално

Андро Жиго: Компанијата се менува согласно најновите трендови

27 Mar 2024

 Максимално сме ориентирани кон новите технологии и кон проверените бизнис-партнери затоа што сме воочиле дека користа од нив значи заштедување време и фокусирање на вработените кон создавање нови иницијативи и идеи.

Приредила: Јелена Лазариќ, jelena@b2bmedia.org

Деловниот пат до неговата сегашна позиција како директор на „Подравка“ за секторот малопродажба, Андро Жиго го започнал пред 14 години од позицијата трговски претставник. Во меѓувреме ги поминал сите развојни фази во продажбата. Потоа заминува на лидерска позиција во трговскиот маркетинг, каде што подоцна го презема целиот оддел. Две години подоцна се сели во Службата за клучни купувачи, а пред да ја преземе директорката функција, бил помошник-директор за пазар. Паралелно, низ формалното образование, магистрирал во економската област.

Како би го опишале моменталното деловно опкружување во Хрватска и како тоа влијае врз работата на „Подравка“?

Верувам, како и сите други учесници во FMCG-индустријата, исклучително турбулентно опкружување, забрзан деловен ритам со нагласени промени. По ковид-пандемијата, опкружувањето значително се промени. Како пример, до вчера сте имале исклучително голем притисок на растот на цените и суровините, кој денес се намалува, меѓутоа, сега имате ситуација во која расте цената на трудот.

На сето тоа, „Подравка“ многу брзо се приспособува, ги следи трендовите на пазарот, со тоа денеска, како и во некои мирни периоди, одржува многу завидни резултати.

„Подравка“ ја донесе иницијалната нутритивна стратегија во 2014 година и оттогаш во своите производи ја намали солта за 300 тони, а шеќерот за 1.432 тони. Самиот факт за намалување на солта и шеќерот оди во прилог на тоа колку сме посветени на здравјето на нашите потрошувачи.

Кои се клучните пазарни карактеристики во Хрватска што имаат најголемо влијание во вашето работење?

Последнава година една од најважните клучни карактеристики сигурно е инфлацијата. Инфлацијата со себе донесе раст на цените и финансиски раст, меѓутоа, количините останаа на нивото од претходните години со незначителен раст. Треба да се спомене и воведувањето на еврото во 2023 година, што дополнително ја промени перцепцијата за потрошувачката кај крајниот потрошувач. Но треба да се каже дека просечниот потрошувач и понатаму ги задржа вербата и квалитетот, традицијата и сигурноста во храната што дефинитивно „Подравка“ ја има на домашниот пазар.

Кои се клучните категории на производи што ги покрива „Подравка“ и како се насочувате кон потребите на потрошувачите во тие категории?

„Подравка“ е присутна во речиси сите категории на прехраната и речиси во сите од нив има водечка позиција. Препознатливи сме по универзалните додатоци за храна и зачините под брендот Vegeta, супите, житариците за деца под брендот Lino, кремастите намази, чаевите, рибите и да не набројувам понатаму.

Познати сме и по тоа што минатата година ја преуредивме нутритивната стратегија што беше донесена пред 10 години, а која е фокусирана на намалување на шеќерот и солта во производите на „Подравка“, со цел на крајниот потрошувач да му понудиме здрави намирници за кој и да е оброк во денот. Односно, „Подравка“ ја донесе иницијалната нутритивна стратегија во 2014 година и оттогаш во своите производи ја намалила солта за 300 тони, а шеќерот за 1.432 тони. Самиот факт за намалувањето на солта и шеќерот оди во прилог на тоа колку сме посветени на здравјето на нашите потрошувачи.

Кои се иновациите или подобрувањата во производните категории што во моментов ги истражувате или ги планирате?

За блиската иднина имаме цела низа иновации за кои сега не можам да ви откријам детали, меѓутоа, можам да ви кажам дека целата 2023 година изобилуваше со иновации. Како пример, го лансиравме производот под името Čokolino Dark, кој поради природниот шеќер кој доаѓа од урмите, има одличен прием на пазарот. Во истата година ја лансиравме и линијата на течни супи за кои крајниот потрошувач одлично реагираше. Пред крајот на годината со додатоци за паста во туби и така многумина ги заштитивме да не ги печат очите од сечкањето кромид, затоа што сега постои идентичен вкус во туба. Се разбира, не треба да заборавиме дека тука е и Vegeta&Spirulina, која во себе ја содржи алгата спирулина, која поради многубројните здравствени придобивки ја носи титулата суперхрана.

       

Како вашата компанија се приспособува на промените во побарувачката и на трендовите на пазарот со прехранбени производи?

Компанијата многу се грижи за трендовите во индустријата. Не само во нутритивна или амбалажна смисла, туку сѐ повеќе се насочуваме кон одржливиот развој, зелената енергија и постапките кои ги пропишува ЕУ и нејзината легислатива.

Ако ја прочитате Стратегијата за одржливо работење на групацијата „Подравка“ до 2023 година, ќе видите како „Подравка“ има четири стратешки насоки, а тие се: чиста околина, здрава прехрана, грижа за вработените и добро управување. Сите четири стратешки насоки се длабоко вкоренети во сите сегменти на работење, а придобивките од наведеното се гледаат и се чувствуваат кај нашите вработени и кај нашите потрошувачи.

Кои се клучните инцијативи или проекти на кои моментално работите, а кои ќе ја обликуваат иднината на работата на „Подравка“ во Хрватска?

Навистина има многу клучни иницијативи, но еден од најголемите проекти на кој моментално се работи е изградбата на логистичко-дистрибутивниот центар во Копривница, кој веќе ги покажува контурите на идниот изглед. Тој проект ќе овозможи уште подобар проток на производите на „Подравка“, како внатре кон домашниот пазар и кон нашите купувачи така и кон интернационалните пазари. Секако, треба да се споменат и иницијативите кои неодамна завршија, како што е примерот со отворањето на фабриката за тестенини, која ќе обезбеди уште подобар квалитет и пласман на производите во наведената категорија.

„Подравка“ неодамна го промени и логотипот, кој има нов и современ дизајн, што исто така е показател дека компанијата се менува културолошки согласно најновите трендови во индустријата.

Препознатливи сме по универзалните додатоци за храна и зачините под брендот Vegeta, супите, житариците за деца под брендот Lino, кремастите намази, чаевите, рибите...

Како „Подравка“ се приспособува на брзите промени во технологијата и пазарното опкружување?

Технологијата е многу присутна во „Подравка“, од Chat GPT до новиот WMS, како и софтверски решенија за продажната оператива која од година на година има функција за снимање на уделот на полиците преку фотографија. Максимално сме ориентирани кон новите технологии и кон проверените бизнис-партнери, затоа што сме воочиле дека користа од нив значи заштедување време и фокусирање на вработените кон создавање нови иницијативи и идеи. Да ги споменам транспарентноста и индикаторите за контрола, кои исто така ги користиме низ софтверски решенија.

Како „Подравка“ ја користи дигиталната технологија во својата работа, особено во контекст на Б2Б интеракцијата и дистрибуцијата?

Би рекол дека тука сме во бенчмаркот на индустријата затоа што поголемиот дел од нашите купувачи користат „Еди“ за размена на податоци. Оваа година имплементиравме и routing softver чија придобивка е точноста во очекуваниот термин за достава. На тој начин го осигуравме брзиот проток на информации, затоа што потврдата за доказот за испораката се случува веднаш при самата испорака. Тоа значи дека сите придружни документи се креираат моментално и со тоа се забрзува комуникацијата во Б2Б сегментот.

 

 

  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...