Одржани

Дарко Лукиќ: КЛУЧНО за работењето е како се преговара и управува со купувачите

12 Apr 2024

Во време кога речиси сè е на продажба, една од главните карактеристики во работењето е токму преговарањето. И, во FMCG-секторот клучно е на кој начин се преговараат и договараат продажбите, и секако, на кој начин се управуваат клучните купувачи.

Токму на оваа неисцрпна тема, во организација на „Кликер Маркетинг“ и магазинот InStore на 11 април се одржа обука „Управување со клучните купувачи и преговарање“ со одличниот Дарко Лукиќ, директорот на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting). Тој, својата 20.годишна кариера успешно ја развивал на лидерските и менаџерските позиции во  мултинационални компании, како што се ING Bank Amsterdam, Nestle Adria, Henkel и FCB.

               

Лукиќ зборуваше за тоа како да се совлада стратегиското управување со клучните купувачи и да се усоврши сегментацијата на купувачите. Учесниците на обуката, Лукиќ ги  запозна со  клучните КА стратегии и тактики и потребните квалитети што треба да ги има современиот КА менаџер.

      

Обуката беше интерактивна и постојано имаше дискусии на кои се зборуваше за практичните предизвици во работењето. Секако, една од темите беше и влегувањето на „Лидл“ на македонскиот пазар, за што се дадоа и примери и насоки како може да се одвива преговарањето. Дарко Лукиќ, покрај примерите од своето искуство, сподели корисни информации и од истражувачки агенции. Во текот на обуката присутните имаа можност и практично да работат на одредени предизвици и да ги презентираат решенијата.

       

       

На крајот, Лукиќ обуката ја заокружи со презентирање на трендовите во малопродажбата во регионот и во светот, како и со европските и светските трендови во развојот на клучните купувачи.

         

На обуката која беше целосно распродадена присуствуваа професионалци за продажба, КА менаџери и продажни менаџери од 11 компании: „Бимилк“, „Виталиа“, „Лион“, „Актуел“, „Тиквеш“, „Империал Тобако“, „Орбико“, „Орбико“, „Бадел 1862“, „Алкалоид“, „Хоризонт“, „Колид С Тим“.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...