На 1 октомври во организација на InStore ќе се одржи еднодневна обука за напредно ниво на преговарање „NEXT LEVEL ПРЕГОВОРИ за ТРГОВЦИ и ДОБАВУВАЧИ“ која ќе ја води Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting). Локација: Public Room.
Обуката е наменета за:
Бројот на места е ограничен!
АГЕНДА
08:30-09:00 Регистрација на учесници
09:00-10:30
КАКО ДА СОЗДАДЕТЕ „WIN-WIN“ СО КУПУВАЧОТ? ФОКУСИРАЈТЕ СЕ НА ИНТЕРЕСИТЕ, А НЕ НА ПОЗИЦИИТЕ
10:30-10:45 Кафе пауза
10:45 –12:15
СТРАТЕГИИ, ТАКТИКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ВО ПРЕГОВАРАЊЕТО
12:15–13:15 Пауза за ручек
13:15–14:45
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ И “ROLE PLAY”: ТЕШКИ ПРЕГОВОРИ
14:45–15:00 Кафе пауза
15:00–16:30
СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ И „ROLE PLAY”: ТИМСКИ ПРЕГОВОРИ
ЗА ПРЕДАВАЧОТ:
Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting)
Во текот на неговата 20-годишна корпоративна кариера тој се унапредувал на менаџерски и лидерски позиции (бренд менаџер, сениор бренд менаџер, key account менаџер, регионален маркетинг директор, извршен директор) во мултинационалните компании ING Bank Amsterdam, Nestle Adria, Henkel и FCB, каде постигнал значителни деловни резултати. Како дел од менаџментот на компанијата и тимот на Хенкел Австрија и Србија, каде што речиси 9 години ја извршувал функцијата регионален маркетинг директор, е добитник на повеќе признанија и награди на регионално и глобално ниво, за успешни деловни резултати.
Кариерата како консултант за менаџмент, маркетинг и продажба, истражувач во областа на потрошувачката невронаука и предавач ја започнал во 2016 година со основање на агенцијата AMMC d.o.o. (Agency for Management and Marketing Consulting) која ја предводи како извршен директор.
До денес има соработувано со бројни домашни, регионални и меѓународни компании и организации, како што се: EBRD, UNICEF, Atlantic Group, Orbico, Podravka, AWT, Alca, JGL, Fructal, Perutnina, DM Drogeriemarkt, Lidl, Delhaize, Heineken, Philip Morris, Molson Coors, Pepsico, Inter Snack, Berlin Chemie, Imperial Tobacco, Stihl, Lesafre, Pernod Ricard, Nelt Group, Naftna Industrija Srbije, Delta Holding, MK Group, ComTrade, Nectar, Don Don, Nomad Foods (Frikom), Alkaloid, Stobi, Vitaminka, Tikveš, Pelisterka, Makprogres…
Член е на IAA (International Advertising Association) и AMA (American Marketing Association).
Маратонец и Ајронмен, со над 50 завршени полумаратони (21,1 км), 32 завршени маратони (42,2 км), 13 Ајронмен 70,3 триатлони (113 км) и 2 Ајронмен 140,6 триатлони (226 км).
КОТИЗАЦИИ
1 лице - 199 евра за 1 учесник
2 лица од компанија - 189 евра по лице
3 лица од компанија - 179 евра по лице
4 и повеќе лица од компанија - 169 евра по лице
(ДДВ не е вклучен во цената)
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
Мери Каталиниќ, 071 262 441
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.