Свет

„Амазон прајм“ сега е достапен и во Турција

21 Sep 2020

Со 150 милиони корисници во 19 различни земји, „Амазон прајм“ од неодамна е достапен на уште еден нов пазар, во Турција.

Од компанијата соопштија дека на купувачите во Турција им се достапни производи преку платформата, како и пристап до одредени видео содржини(Прајм видео). Освен тоа, нарачаниот производ ќе им биде достапен истиот ден. 

Месечната претплата на услугите на „Амазон прајм“ во Турција чини 7,90 турски лири (нешто помалку од евро). Во првиот месец, членството е бесплатно. Од „Амазон“ велат дека сре среќни што можат да понудат услуга по разумна цена и достапна до секој. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...