Синџирот дрогерии „дм дрогерие маркт“ почна да продава комплети за тестирање на присуство на вирусот Ковид-19 во Австрија, а цената е и за австриски стандарди прилично висока - по 119 евра за комплет.
Тестовите можат да се нарачаат и преку интернет. Купувачите се тестираат сами така што даваат примерок од плунка, го пакуваат во специјално пакување и го праќаат на адреса на австриската биотехничка компанија „Новогениа ГмбХ“, со која дм претходно потпиша договор за партнерство. Купувачот ги добива резултатите преку електронска пошта во рок од два до три дена. Позитивните резултати, пак, „Новогениа“ им ги предава на австриските медицински установи, кои потоа ги контактираат тестираните купувачи.
Неодамна, и американскиот синџир „Крогер“ почна со слична акција во САД, а комплетите за тестирање на коронавирусот исто така се продаваат преку интернет.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.