Свет

САД: Повеќе од 3.400 компании поднесоа барања за банкрот

07 јул 2020

Вкупно 3.427 компании регистрирани во САД поднесоа барања за прогласување банкрот, во периодот јануари-јуни 2020 година. 

Тоа е безмалку исто колку банкротираните компании во првата половина од 2008 година, кога почна светската економска криза. Тогаш банкротираа 3.491 компанија во период од шест месеци. 

Пандемијата ги погоди речиси сите гранки на стопанството, особено угостителството и производството на енергенси. Први на удар беа фирмите кои имаа производство и продажба во Кина. Кризата силно ги погоди и компаниите од автомобилската индустрија. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...