Синџирот супермаркети „Магнолиа“ во Москва почна соработка со компанијата за испорака на производи „Збер маркет“.
Соработката со малопродажниот синџир „Магнолиа“ е новина за „Збер маркет“, компанија што досега испорачуваше нарачки најчесто за хипермаркети и супермаркети од голем формат.
Како што соопштуваат од компанијата, погодната локација на градските супермаркети им овозможува на куририте од „Збер маркет“ да ги доставуваат нарачките брзо – не подоцна од два часа од нарачката. Цената за подготовка и испорака е 98 рубли за една нарачка и 158 рубли за следната.
Продолжуваме да нудиме услуга за испорака на производи до купувачите, а тие имаат широк избор на продавници од каде што можат да нарачуваат, вели Артур Саркисов, главен оперативен директор на „Збер маркет“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.