Обемот на глобалната трговија во првата половина на 2020 година падна побрзо од кога било откако се бележат податоците, објави денес Светската трговска организација (СТО).
Во споредба со претходната година, трговијата се намалила на глобално ниво за три проценти во првиот квартал и приближно 18,5 отсто во вториот квартал.
Обемот на глобалната трговија поради пандемијата во првата половина на 2020 година паднал побрзо од било кога, откога се бележат податоците, објави Светската трговска организација (СТО).
Во однос на претходната година, трговијата се намали на глобално ниво за три проценти во првиот квартал и приближно 18,5 проценти во вториот квартал, според СТО.
СТО предупредува дека закрепнувањето на трговијата би можело да биде нарушено со избувнување на вториот бран на пандемијата од коронавирус, послаб економски раст од очекуваниот или проширување на трговските ограничувања во светот.
Падот на трговијата кој го гледаме е со историски размери, всушност, ќе биде најостриот забележан пад во историјата. Но, има и една светла точка во сето тоа – можеше да биде многу полошо, изјави директорот на СТО, Роберто Азеведо.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.