Свет

„Алибаба“ бара најмалку 100.000 инфлуенсери

29 May 2020

„Алибаба“, најголемиот кинески интернет-трговец, продолжува да ја модернизира својата деловна активност, а за да може подобро да ги промовира своите производи, ќе се обиде годинава да ангажира 100.000 инфлуенсери.

Според компанијата, инфлуенсерите можат да бидат од кој било дел од светот, затоа што тоа во голема мера ќе го олесни проширувањето на нивната деловна мрежа.

Иако „Алибаба“ сака да привлече голем број на инфлуенсери во наредните месеци, прашањето е колку следбеници се неопходни за некој да ја рекламира компанијата. Според регионалните стандарди, тој треба да има минимум 10.000 следбеници, додека според непишани стандарди во САД, ако некоја личност сака да има статус инфлуенсер треба да биде следена од најмалку 100.000 луѓе.

На овој начин, „Алибаба“ сака да ја подобри продажбата на својата платформа „Али експрес“, а популарните инфлуенсери би помогнале многу користејќи ги социјалните мрежи (пред сè „Инстаграм“ и „ТикТок“).

Целта на компанијата е до 2023 година компанијата да ја промовираат дури еден милион инфлуенсери.

„Алибаба“ веќе ја лансираше платформата Aliexpress Connect. Влијателите ќе бидат платени за рекламирање на производите на компанијата, а некои од нив треба да дизајнираат свои кампањи и на тој начин дополнително да ги промовираат производите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...