Германската групација „Реве“ објави дека потпиша договор за кредит во вредност од милијарда евра со конзорциумот банки – „Комерцбанк“, „ДЗ банк“, ИНГ и СЕБ.
„Реве“ ја зголемува финансиската флексибилност и независност, додека пандемијата од вирусот корона се проширува низ светот, се наведува во соопштението на групацијата.
Оваа кредитна линија ги надополнува постојните 2 милијарди, за кои потпишавме договор до 2024 година и досега беа резерви, изјави извршниот директор Кристијан Милш, и додаде: Благодарение на овој потег, нашата компанија сега има вкупни резерви на ликвидноста во износ од 2,5 милијарди евра. Подготвени сме за сите финансиски предизвици што можат да произлезат од кризата.
Групацијата „Реве“ е присутна на 22 европски пазари, а минатата година од продажба оствари вкупно 61 милијарда евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.