Свет

Грците двојно повеќе купуваат онлајн

09 Apr 2020

Во Грција двојно се зголеми купувањето преку интернет и користењето на електронските услуги, покажува онлајн-истражувањето на грчкиот Институт за малопродажни производи и Работилницата за електронска трговија на Економскиот факултет во Атина.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека во последните десет дена од 2019 година, 21% од анкетираните барем еднаш купиле преку онлајн-продавница, додека во првата седмица од април, бројот е двојно поголем и изнесува 44%.

Особено голем пораст, за осумпати, се забележува на онлајн-нарачките од супермаркетите. Од помалку од 1% во 2019 година, во изминатите десет дена 8% од граѓаните ги користеле електронските можности за пазарување.

Истражувањето е спроведено од 25 до 27 март и од 1 до 3 април годинава, а биле анкетирани 1.000 потрошувачи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...