Свет

„Амазон“ вработува уште 100.000 луѓе

19 Mar 2020

Компанијата „Амазон“ соопшти дека е потребно да се вработат уште 100.000 луѓе во САД за да се задоволат онлајн-нарачките, поради ширењето на вирусот корона.

Како што соопштуваат, компанијата планира на привремено вработените луѓе во магацините, центрите за испорака и во центрите за големопродажба да им ги зголеми платите за два долари до крајот на април. Истото се однесува и на привремено вработените во Велика Британија и во другите европски земји.

Се забележува значителен пораст на побарувачката, поради што е потребно зголемување на бројот на вработени, истакна Дејв Кларк, задолжен за прекуморските складишта и мрежа за испорака.

Од „Амазон“ истакнуваат дека во текот на минатиот викенд порастот на нарачките го зголеми притисокот за испораки со што постои можност за продолжување на рокот за испорака за подолго од вообичаените два дена.

Особено е голема побарувачката за средства за чистење во домот, така што потребно е и зголемување на обемот на нивната набавка.

Компанијата, чие седиште се наоѓа во Сиетел, е во потрага по постојани и привремени работници: возачи, магационери и пакувачи на производи.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...